Има ли спас за културните институции во Македонија?
Ако отидете да проследите програма во просториите на Македонската опера и балет кога врне дожд, во фоајето ќе ве дочекаат кофи бидејќи кровот на оваа установа пропушта вода. Црвениот тепих по кој треба да чекорите е непроменет откако е послан, а ѕвездено небо го изгуби сјајот.
Институциите под надлежност на култура, меѓу кои и македонската опера и балет, се во очајна состојба, констатира министерот за култура. За ова ја обвини неговата претходничка.
Распишан е нов тендер за да се реновира влезот на опера и балет. Директорот најави ново ѕвездено небо, и модерно фоаје за посетителите. Во меѓувреме, балетските и оперските уметници мака мачат и со ателјето каде треба да ги припремаат премиерите за следната година.
Со секој дожд и во Македонскиот народен театар гостите се пречекувани со кофи. Истата судбина ја дели и Драмски, каде со секое невреме наместо актерите, главната улога во претставите ја имаат кофите кои ја собираат водата која протекува од повеќе места.
Реновирањето на Универзална сала ќе почека подобри времиња, бидејќи надлежните уште утврдуваат дали ингеренциите за неа ги има министерството култура или Град Скопје.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар