Нови стрип изданија на Стрип центарот на Македонија од Велес
Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес ја збогати македонската стрип сцена со три нови изданија, броевите 27 и 28 од ревијата „Стрип креатор“ како и стрип книгата „Хацон, Крал Пребонд, Климент Охридски“ од македонскиот доајен Миле Топуз.
Овие изданија се дел од годишната програма за издаваштво на Министерството за култура на Република Македонија.
Според Томе Трајков од СЦМ - Велес, во оваа ревија свои први стрипови објавиле порано млади, а сега веќе поафирмирани стрип автори од нашата земја.
- Традицијата и сега не е прекината. Во последните броеви на „Стрип креатор“ се објавуваат стрипови почнувајки од ветераните Диме Иванов-Димано, Тоде Блажевски, преку неправедно запоставениот Јорданчо Давидовски и завршувајки до средношколката Калина Печевска. Исто така, во овие два броја е претставен еден дел од стрипот „Клеопатра“ кој, за жал, не ја доби поддршката од комисиите при Министерството за култура, информира Трајков.
Појаснува дека Стрип книгата „Хацон, Крал Пребонд, Климент Охридски“ од Миле Топуз дава придонес во популаризацијата на македонската историја од средниот век.
Инаку техничкиот дизајн на овие изданија е на Александар Стеванов кој и самиот е вклучен во списанието „Стрип Креатор“ преку стрипот „Мачорот што сакаше да биде крал на светот“ во коавторство со Катерина Тери Николовска.
Ново на Сител
-
Лекорни: Франција ќе ја користи каматата од замрзнатите руски средства за вооружување на Украина
-
Малолетник пријавен во полиција во Неготино, физички нападнал момче
-
Жан-Ноел Баро: Путин покажува „голема грозница“ и сака да избегне мир
-
Утрe штрaјк нa врабoтените на аеродромите во Германија, аеродромот во Хамбург веќе е затворен
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од село Милетино
-
Турските власти приведоа повеќе од 100 лица на Меѓународниот ден на жената
-
Вучиќ: Опозицијата мисли дека сабота е ден Д, верувам дека студентите во блокада се попаметни
-
Обвинение за обид за убиство