Свет
22. March 2022 - 10:49

Нови снимки од гранатирање на Мариупол и други населби | ВИДЕО

Руските војници продолжија со гаѓањето на украинските градови и населби, а најмногу погоден е Мариупол, кој речиси целосно е уништен, пренесува Киев Индепендент.

На социјалните мрежи беа објавени нови снимки на кои може да се забележи дека постојано паѓаат бомби во Мариупол, но и останати населби, меѓу кои селото Лутица, северно од Киев, каде што биле уништени повеќе куќи.

Според Киев Индепендент, Русија го гранатирала регионот Житомир, каде што биле уништени три куќи, а десет биле оштетени.