Македонија
25. January 2020 - 11:33

Нови садници на Детската улица „Тоше Проески“

Во чест на Тоше Проески, а по повод 39-годишнината од неговото раѓање, Општина Аеродром ја разубави Детската улица во Ново Лисиче што го носи неговото име.

Како што информираат од Општината, стотината жардинјери во должина на патеката се збогатени со нови зимзелени и грмушести садници. На тој начин, додаваат, граѓаните ќе уживаат во прекрасното место за прошетка, одмор и релаксацијa.