Нови рочишта за „Титаник“ и „Титаник 3“

Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“ и „Титаник 3“.
Рочиштето за предметот „Титаник" за изборни нерегуларности треба да продолжи со преслушување на „бомбите“ од доказниот материјал на Специјалното јавно обвинтелство. Во овој предмет предложени се повеќе од 1.000 аудио снимки во листата на материјални докази од СЈО,
Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.
Судењето за предметот на СЈО „Титаник 3“, во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година „уништувале изборен материјал“ денеска продолжува со сведочење на нови сведоци.
СЈО и адвокатите на обвинетите на рочиштето ги потврдија претходно изнесените воведни говори, а по изјаснивањето на обвинетите Аљими и Гури дека не чувствуваат вина, судењето продолжи со доказна постапка.
Според СЈО, двајцата обвинети со своите дејствија влијаеле директно врз изборниот резултат и имале криминален нагон да ја фалсификуваат изборната волја на граѓаните на Чаир со цел да остварат политичка моќ.
Адвокатите на Аљими и Гури пред Судот кажаа дека со повеќе докази во текот на постапката ќе докажат дека нивните клиенти не се виновни, како и дека во спорниот момент на обвинението немале никаква функција со што би влијаеле да се стори кривичното дело за кое ги обвинува СЈО.
Судењето на минатото рочиште почна од почеток поради промена на судската порота.
Ново на Сител
-

Иран сè уште не одлучил за новата рунда преговори со САД
-

Трамп: Иран сериозно го прекрши примирјето, но американските претставници вo понеделник ќе бидат во Пакистан
-

Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина
-

Хутите се заканија дека ќе го блокираат теснецот Баб ел-Мандеб покрај брегот на Јемен ако Трамп продолжи да го нарушува мирот
-

Мицкоски за кривичната пријава од СДСМ: Фокусиран сум на развојот на државата, партиите кои живеат во сопствените лаги ги разочаруваат граѓаните
-

Пезешкијан: Врз основа на какво злосторство Трамп ги оспорува нуклеарните права на Иран
-

Украина соопшти дека неутрализирала 203 од 236 дронови што Русија ги користела за напад во текот на ноќта
-

Гутереш го осуди нападот во кој беше убиен француски мировник на ОН во Либан
