Нови решенија за легализација на дивоградби во Гази Баба
Општина Гази Баба денеска додели нови 50 решенија за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на физички и правни лица. Досега општината има легализирано околу 6.600 објекти од поднесените 18.800 барања за легализација од страна на граѓаните.
Градоначалникот Тони Трајковски, кој ги подели решенијата, ја нагласи важноста од навремено добивање на информации за градење, бидејќи, како што рече, новите дивоградби се третираат како кривично дело и сите информации за постапката за регуларно и целосно спроведување на законот за градење може да се добијат кај вработените во општината.
До сега, додаде, се изготвени околу 7.000 урбанистички пресметки, од
кои, за околу 500 се чека уплата на надоместокот, за да може постапката за изготвување на решенијата за легализација на објектите да се продолжи.
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања