-->
-->
Нови протести во Солун и Атина против Договорот од Преспа
-->
Собирите се меѓусебно неповрзани, а како организатори се јавуваат граѓански движења кои и се малку познати на јавноста, јави дописничката на МИА од Атина.
Во грчката престолнина, на плоштадот Синтагма пред грчкиот парламент, во 18 часот по локално време, на протест повикаа „Движењето за национална одбраа и за Македонија - Александар Велики“ и „Научната комисија за национални прашања“. Тие, ќе протестираат за, како што велат, „да го запрат договорот на предавство“.
- Грција значи Македонија. Сите Грци, обединети заедно пред парламентот на Синтагма, во недела на 1 јули во 18 часот. Ќе бидеме таму за да ги одбраниме нашата Грција, Македонија, историјата, националниот суверенитет, Уставот и демократијата, повикуваат организаторите преку видео спотот објавен на социјалните мрежи.
За еден час подоцна, во 19 часот по локално време, закажан е собир во Солун и протестен марш низ улиците на градот за „поништување на договорот што го отстапува терминот Македонија на Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети
-
Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
СПМ: Вториот круг претседателски избори ќе базира на резултатите од првиот
-
Мицотакис: Грција нема да испрати во Украина системи С-300, ниту „Патриот“
-
Столтенберг: Украина и натаму може да ја добие војната против Русија
-
Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран
-
Течат роковите за приговори до ДИК, партиите продолжуваат со изборните активности
-
ЦУК: 1.694 повици на 112 во последното деноноќие