-->
-->
Нови промени со времето - Големо невреме од утре во Македонија
-->
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен јужен и југоисточен ветер.

Утринската температура од нула до шест степени, а дневната ќе се движи од 12 до 21 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен јужен и југоисточен ветер.
Температурата ќе достигне до 20 степени.
Од понеделник под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.Ќе има услови за појава на ретки грмежи и засилен ветер. На повисоките планини во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Пообилни врнежи се очекуваат во среда во западните и јужните делови каде вкупната количина на наврнат воден талог ќе надминува 30 л/м2, а локално и над 40 л/м2. Ќе дува умерен наместа повремено засилен северен ветер и ќе предизвика опаѓање на дневната температура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се укинува Пржинската влада
-

Претседателот Пармелан на средба со премиерот и стопанствениците
-

Се укинува Пржинската Влада
-

Тема на денот со Даниела Иротова Лазарева, директорка на Агенција за финансиска поддршка на земјоделието
-

Ужас во Гостивар - 15 годишник ја силувал помалата сестра
-

Народен правобранител: Системот со сериозни слабости, секое петто дете е жртва на сексуално насилство
-

Треба ли државата да ги забрани социјалните мрежи за децата
-

Собранието решава за техничката влада
