Балкан
29. September 2017 - 17:55

Нови приведувања за убиството на Јелена - пејачката е убиена од жена

Зоран Марјановиќ, сопругот на монструозно убиената Јелена Марјановиќ е уапсен пред 13 дена и до денес беше единствениот осомничен за убиството на пејачката.

Шокантно откритие е дека Зоран ја познавал Зорица Митровиќ ипред убиството на неговата сопруга, што на овој случај му дава нов правец, кој е усмерен кон откривање не само на мотивите туку и на нови учесници во стравичното злосторство.

Имено, полицијата сега се сомнева дека Јелена била убиена од жена, а покрај љубовницата на Зоран медиумите пишуваат дека можеби за убиството е одговорна и мајката на Зоран.

Неговата мајка се занимава со осцелување, а за тоа мислењата се поделени затоа што некои луѓе сметаат дека целото семејство Марјановиќ е во некоја секта.

Токму поради тоа постои сомнение дека убиството на Јелена е дел од секташки ритуал и дека семејството ја жртвувало Јелена.