Нови правила за летање поставени од авиокомпаниите

Дел од државите и авиокомпаниите соопштија некои правила со што влегувањето во авион ќе биде потешко отколку влезот во некоја воена база. Имено, чекирањето пред влез во авион најверојатно ќе трае со часови (не помалку од два – три часа), додека однесувањето внатре во авионот ќе биде сосема поинакво од она на кое сме навикнати.
Покрај тоа, граѓаните кои сакаат да патуваат со авион ќе мора да имаат и тест, секако негативен, кој не е постар од 72 часа, а кога ќе слетаат ќе бидат во изолација.
Правилата, извесно е, ќе бидат усогласени на меѓународно ниво.
Додека се наближува моментот кога патничките авиони повторно ќе полетаат, јасно е дека последиците на здравствената криза ќе бидат долго присутни во авиосекторот.
Дури и кога превентивните мерки воведени среде оваа ситуација главно ќе станат минато, некои сепак ќе останат на сила, па патниците на влез во авион ќе мора да чекаат со часови, бројот и капациетот на летови ќе се намали, а со самото тоа и авионските карти ќе бидат поскапи. Покрај тоа, пред полетување ќе прават проверка на здравствената состојба, а патниците ќе мора да носат заштитни маски или шалови, велат британските авио експерти.
Воведување на социјалното дистанцирање на аеродромите физички е невозможно, предупреди извршниот директор на аеродромот „Хитроу“, Џон Холанд – Кај. Социјалното дистанцирање не функционира ниту во еден јавен превоз, ниту пак во воздушниот сообраќај, рече Холанд – Кај.
Првиот човек на најпрометниот аеродром во Европа рече дека аеродромоте мора да воведат здравствени прегледи, а патниците ќе мора да носат маски. Како што пишува британски Сан, експертите предупредуваат дека ваквите екстремни мерки би можеле да се применуваат во наредните пет години.
Некои од мерките на аеродромот:
1. Задолжително носење маски и ракавици;
2. Мерење температура пред влегување во авионот;
3. Патниците мора да имаат негативен тест не постар од 72 часа;
4. Почитување на дистанца во авионите;
5. Нема служење храна и пијалоци во леталата;
6. Намалување на бројот на патници, а со тоа и поскапи карти,
7. Изолација при слетување.
Ново на Сител
-

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ: Највисоки во последните 20 години
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
