Балкан
29. May 2019 - 16:25

Нови правила на плажите во Црна Гора - лежалки и влез нема да се наплаќа

Јавното претпријатие за управување со морските добра на Црна Гора воведе неколку нови правила за користењето на плажите на црногорското приморје, кои одат во корист на посетителите и туристите.

Од годинава сите лежалки и чадори на јавните плажи под закуп, нема да се наплаќаат после 17 часот. Според директорот на претпријатието, непристојно е да се наплаќа полна цена на користење доколку некој доаѓа попладне.

Во Правилникот за уредување на капалиштата и плажите, се воведе и точка за задолжително поставување на информативни табли на секоја плажа. На нив ќе биде истакнато кое е работното време на плажата, цената на лежалките и чадорите, квалитетот на водата (кој ќе се мери секој 7-10 дена) и типот на плажата: јавна, хотелска, нудистичка, отворена за миленици…

Имено, покрај јавните и хотелски плажи, во понудата на Црна Гора од годинава ќе има и 12 тематски плажи, наменети, на пример, за заљубени двојки, млади желни за забава, нудисти или гости со миленици.

Уште од лани, влезот на црногорските плажи е бесплатен.