Нови повисоки цени за користење услуги во НУБ „Св. Климент Охридски“

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје на седница на Управниот одбор донесе одлука за измени и дополнувања на Ценовникот за користење услуги за издавачите и за читателите во Библиотеката.
Од првиот работен ден во мај, годишниот индивидуален кориснички надомест за општите читалници ќе изнесува 600 денари, наместо досегашните 360 денари.
За продолжување на стекнатиот статус корисник, наместо 300 денари како досега, за користење на општите читалници за период од една година надоместот ќе изнесува 500 денари.
Цените на индивидуалниот надомест за месечно и неделно користење на општите читалници остануваат непроменети.
Се менува и цената за каталогизација на публикација (CIP-запис), која од првиот работен ден на мај наместо 300 ќе изнесува 600 денари.
- Се воведува надомест за CIP-записи со класификација според УДК за статии и прилози во сериски публикации: до десет статии 400 денари, над десет статии 600 денари, соопшти НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје.
Ново на Сител
-

ЦУК: Локализиран пожарот кај Лешница
-

МВР: Камерите на „Безбеден град“ во функција во дел од општина Дебрца, наскоро и во Охрид
-

Активни пожари на грчките острови Крит, Андрос, Парос и Калимнос – евакуирани неколку населени места
-

Нетанјаху: Трамп ќе одлучи за иднината на судирот со Иран
-

Високите температури и ветерот ја отежнуваат борбата со пожарите во Турција
-

Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање
-

Запленети над 43 килограми марихуана, приведени 241 лице по еден месец од формирањето на Task force
-

Тошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилство
