-->
-->
Нови победи на фаворитите Ливерпул, Тотенхем и Манчестер Сити
-->
Екипите кои претендираат за највисок пласман во англискиот фудбалски шампионат Ливерпул, Тотенхем и Манчестер Сити, попладнево забележаа победи во натпреварите од 6.коло на Премиер лигата.
Постигнати беа овие резултати: Бурнемут – Евертон 1:0, Ливерпул - Хал 5:1, Мидлсборо – Тотенхем 1:2, Стоук - Вест Бромвич Албион 1:1, Сандерленд - Кристал Палас 2:3 и Свонси - Манчестер Сити 1:3.
Претходно, во првото дерби од колото Манчестер Јунајтед го победи шампионот Лестер со 4:1, а во второто дерби попладнево ќе играат лондонските ривали Арсенал и Челзи.
Останатите два натпревара, Вест Хем – Саутемптон и Барнли – Ватфорд, ќе се играат утре и в понеделник.
Табела: Манчестер Сити 18 бодови, Тотенхем 14, Ливерпул 13, Евертон 13, Манчестер Јунајтед 12, Арсенал 10, Челзи 10..
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Македонскиот јазик е многувековен, тој е нашиот бедем и неспорен идентитет
-
Премиерот на Романија, Чолаку поднесе оставка
-
Пад на цените на нафтата поради одлуката на ОПЕК
-
Трамп и Ердоган телефонски разговараа за Украина, Сирија и Газа
-
Околу 20 маскирани лица упаднале во универзитетски кампус во Атина
-
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше избркан од САД поради обид да влезе на вечера на Трамп со лажен идентитет
-
Заврши средбата Мицкоски Таравари, разговорите продолжуваат
-
Шпанските обвинители започнаа истрага за смртта на околу 4.500 Шпанци во нацистичките логори на смртта