Нови лажни дојави за бомби - за прв пат испратени и во две основни училишта
По две недели пауза, повторно дојави за бомби во 9 средни училишта. Но за прв пат закана за поставен експлозив добија и две основни училишта.
Станува збор за Кочо Рацин и Петар Поп Арсов. Школите по електронска пошта после 15 часот добиле заканувачки пораки, во кои се наведува дека е поставен екслозив. Веднаш е известена полицијата, децата се безбедно евакуирани.
По направените проверки, МВР соопшти дека и овој пак, како и претходните се работи за лажни дојави за бомби.
Во меѓувреме од ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од министерот за внатрешни Спасовски, затоа што и по повеќе од месец дена не може да открие кој стои позади лажните дојави за бомби.
Инаку претходно министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, прашан дали има симболика што закани доаѓаат во среда, четврток или петок, изјави дека не само што се случуваат во последните 3 дена од неделата, туку и во време кога наставата ја следи иста смена со ист наставен кадар.
Ново на Сител
-
Речиси 83.000 вработени не зеле плата за јануари
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Многу деца во Македонија со вишок на килограми – најдебелиот пациент во земјата има 288 килограми
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници
-
Паузирана американската воена помош за Украина
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен