Нови катови во тетовската болница се полнат со КОВИД пациенти
Три од петте ката на интернистичкиот блок во тетовската болница веќе се полни со КОВИД пациенти. Во болницата се хоспитализирани вкупно 104 лица.
Според координаторот на КОВИД центарот, бројките се очекува да растат зашто нема намалување кај прегледите. Во интернистичкиот блок полни се првите два ката од интерно одделение, почнале да се хоспитализираат и на третиот кат од нервно и психијатрија. Дел од болните се во модуларната болница и инфективното одделение.
-За 24 часа имаме четири починати во нашата болница, 14 нови примени пациенти, така да во моментот 104 хоспитализирани пациенти, скоро сите не биле вакцинирани. Амбулантски прегледи за 24 часа се вкупно 224. Потенцирам дека тука се оние и дојдени за дневна терапија, за консултации, сите тие се третираат во Ковид центар. Негде над 328 пациенти се третираат така во центар. Отворено е и нервното одделение, направивме реорганизација и баравме од другите одделенија да ни дојдат кадар како лекари и медицински техничари, специјалисти, специјализанти, вели д-р Гзим Нуредини.
Според него, потребно е луѓето во Тетово да го намалат движењето и со тоа да придонесат да не се шири вирусот.
-Состојбата е двојно полоша од сите досегашни бранови во текот на пандемијата. Граѓаните не внимаваат, не носат маски и не држат дистанца, а болеста е смртоносна. Апелот би бил ако немате работа, немојте да излегувате, секаде е вирусот. Сериозна е ситуацијата, секоја фамилија има по некој позитивен. Уште не сме достигнале до највисокиот пик за Тетово, бидејќи се зголемува бројот секој ден. Младите имаат свои стари и да не гледаата како на шега кога зборуваме за препоракаките за заштита. Жртви се сите стари кои имаат болести и кои пандемијата ја поминале дома. По две години не излегле од дома, а се заразиле. Дали е фер тоа. Можел да живее уште 10, 20 години а сега е во Ковид центар, вели тетовскиот доктор.
Од друга страна од Здравствен дом информираат дека вчера евидентираат рекорден број вакцинирани во вакционалниот пункт во Тетово. Вкупно се дадени 2338 вакцини од кои 1752 се за прва,а 586 за втора доза
Ново на Сител
-
Дејан Митровски - Урко реизбран за претседател на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија
-
АД МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија
-
Ердоган повторно повика на нов устав
-
Кремљ објави дека се уште нема планови за разговори со Трамп
-
Водата во Скопје санитарно исправна, вонреден мониторинг по завчерашниот прекин на снабдувањето
-
ChatGPT критикуван за користење руски пропагандни извори
-
Трамп ветува дека на неговиот прв ден на функцијата ќе стави крај на трансродовиот делириум во САД
-
Во европска операција против перење пари и шверц на кеш запленети 2,7 милиони евра