Нови дојави за бомби во училиштата
- Дојави за поставени бомби утрово пристигнале на електронските адреси на 18 училишта во Скопје, каде во тек се антитерористички проверки, соопшти МВР.
-Денеска (02.03.2023) до 08.20 часот во МВР e пријавено дека на електронските адреси на 18 училиштe во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, наведуваат од МВР.
Вчера пристигнаа пријави за наводно поставена експлозивна направа во 120 училишта во Скопје, а по сите направени проверки од страна на МВР беше утврдено дека станува збор за лажни дојави.
Изминативе денови на електронските адреси на повеќе основни и средни училишта во Скопје и во Прилеп пристигнаа закани за поставени експлозивни направи, поради што Министерството за образование и наука предложи во оние училишта каде има дојави за бомби наставата да се спроведува онлајн.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето