Нови директори на Царинската управа и УЈП на Албанија
Нов директор на Царинската управа на Албанија е Арлинд Ѓокутај, досегашен генерален директор на Управата за спречување на перење пари.
Тој доаѓа на местото на Белинда Икономи, која е назначена за заменик министер за економија.
Нов директор има и албанската Управа за јавни приходи. Тоа е Ентон Дуро, доктор по економски науки, кој на оваа функција доаѓа од местото директор на секторот за имотно-правни работи при Министерството за финансии.
Тој на оваа функција ја заменува Василка Вјеро.
Сменет е и генералниот директор на Агенцијата за хипотека, Валдрин Пјетри, кого Владата го именува за префект на околијата Скадар. Се уште не е познато кој ќе го наследи во Агенцијата.
Најавени се промени на носители на високи функции и на други значајни институции.
Смените по вертикала доаѓаат по последните смени на неколку заменици министри, што следуваше по темелната реконстркција на Владата на премиерот Еди Рама кон средината на јануари, со која беа сменети седум министри и еден вицепремиер, што беше прва темелна реконструкција на Владата по формирањето во септември 2017 година.
Ново на Сител
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца
-
Преглед на вестите од светот