Нови детали: Најдена патиката на Матеј и уште еден предмет, се пребарува и дното на Сава

Петти ден интензивно се трага по Матеј Периш од Сплит, кој со пријателите дошол во Белград да ја дочека Новата година, а исчезнал ноќта спроти новогодишната ноќ од клубот „Готик“ во Бетон сала. Откако снимките од надзорните камери предизвикаа сомнеж дека Периш плива во Сава, нуркачите денеска околу 11.30 часот пристигнаа пред салата „Бетон“ на шеталиштето со намера детално да ја пребараат областа, пишува „Нова.рс“.
Просторот околу реката го обезбедуваат тројца полицајци и не дозволуваат никој да се приближи. На платото покрај реката неколку луѓе истражуваат и снимаат се. Собраните очевидци велат дека виделе како полицајци од голема саксија за цвеќе земале мал предмет за кој се верува дека му припаѓал на Матеј и го ставиле во кеса, известуваат медиумите во Србија.
Се шпекулира и за патика која наводно била пронајдена во близина, но сето ова засега е шпекулација бидејќи официјално соопштение од полицијата се уште нема.
И покрај многуте прашања упатени до српското МВР, хрватските медиуми велат дека се уште не добиле информација дали младиот човек на вчера објавените снимки е Матеј.
„Ништо не можеме да ви кажеме“, рече еден од полицајците прашан од репортерите кои се наоѓаат на местото на настанот.
Нешто пред пладне пристигна брод со четири лица. Меѓу нив е и нуркач кој се нурна во реката 5 минути пред пладне, а се наоѓа во близина на Трамвајскиот мост, пишува Јутарни лист.
„Нашол нешто“, коментираат минувачите, јавуваат новинари од Слободна Далмација кои развојот на ситуацијата го следат од терен.
Претходно беше соопштено дека потрагата се проширила и во реонот на Дунав. Имено, Сава се влева во Дунав на неколку стотини метри од местото каде последен пат бил виден Матеј Периш.
Ново на Сител
-

Царинска управа: Годинава за 11 милиони евра зголемена наплатата од увоз на тутун, во акции спречени осум обиди за шверц
-

Над 230 основци од Скопје учествуваа на креативен и едукативен настан „Зеленикс – од предизвик до иновација”
-

Поради влажни коловози и одрони се препорачува внимателно возење во поширокиот дебарски регион
-

Три вида државна матура - гимназијалците ќе полагаат на 6 и 11 јуни, учениците од стручните и од уметничките училишта на 6 и 12 јуни
-

Сабаленка: Многу ми значи признанието „Лауреус“
-

Вембањама прогласен за одбранбен играч на годината во НБА за сезоната 2025/26
-

Фернандеш: Нашата цел е да завршиме меѓу првите четири екипи во Премиер лигата
-

Јаневска го чека извештајот од Филозофскиот факултет на УКИМ за нерегуларностите при упис на втор и трет циклус студии
