-->
-->
Нови цени на горивата во Македонија
-->

Цените на нафтата на светските берзи неделава забелжаа пад како резултат на неповолните податоци за состојбата на пазарот на трудот во САД, кои се најголем светски потрошувач на енергенси.
Северноморскиот „брент“ за испорака во ноември на Берзата во Лондон во петокот поевтини за 48 центи на 47,21 долари за барел,
Бо исто време, цената на американската „лесна“ нафта за ноемвриска достава на Њујоршката берза се намали за 40 центи на 44,34 долари за барел.
Од почетокот на минатата недела „брентот“ од Северното Море поевтини за 2,9 отсто, а американската нафта за 3 проценти.
Оваа цена е речи си идентична со просечната врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика ги формираше малопродажните цени пред минатиот понеделник.
Лоша вест е и движењето на курсот на доларот во однос на денарот.
Во такви околности, мала корекција на цените во нагорна линија во понеделник не би требало да биде изненадување. Доколку се задржи овој тренд можеме да очекуваме поскапување на горивата за сума меѓу половина и денар и половина по литар.
Во моментов литар ЕУРОСУПЕР БС 95 се точи за 62.5 денари по литар а ЕУРОСУПЕР БС 98 за 64,5 денари по литар.
ЕУРОДИЗЕЛ-от чини 50 денари за еден литар.
Новите цени во малопродажбата регулаторот ќе ги објави денеска околу пладне, а ќе почнат да важат од полноќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скопјанец силувал 15-годишен штитеник од установа за згрижување деца
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат