Нови 600 вработувања во МВР, Мицкоски повика на трпение, работите се решаваат една по една
Премиерот Христијан Мицкоски очекува веќе следната недела да биде објавен огласен за нови 600 вработувања во МВР, како резултат на тоа што дел природно заминале во пензија, а дел поради потребите за да се зајакне кадровски.
- Многу малку се водело сметка за квалитетен кадровски потенцијал во рамки на МВР, тоа го согледуваме сега откако изминавме период од речиси шест месеци, кога анализиравме, истражувавме и дојдовме до заклучоци дека навистина во изминатите години е правен би рекол епски криминал, а за тоа да се санкционира за да излезе пред правдата, основано сомневање, потребен е човечки кадровски потенцијал, изјави Мицкоски, кој денеска присуствуваше на поставување на камен-темелник на доградба на детска градинка „Кокичиња“ во село Таринци, во Општина Карбинци.
На новинарско прашање за најавениот штрајк во министерствата за економија и за социјална политика и други поради ниските плати, Мицкоски одговори дека во рамки на администрацијата, кај поедини министерства платите се навистина ниски и тука, подвлече, треба да се работи, еден по еден се решаваат проблемите.
- Оваа година согласно општиот колективен договор ќе има покачување, ќе има и следната, така што очекувам во зависност од расположивите средства да се зголемува платата на вработените, изјави премиерот.
Потенцира дека е важно тоа што Владата донесе одлука да нема зголемување на платите на избраните и именувани лица, на судиите, обвинителите и на членовите на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители односно да се нивелираат коефициентите.
- Тоа што го ветуваме, тоа и го испорачуваме. Претходно постигнавме историски договор со Синдикатот на обрзованието, со синдикатите во здравството. Чекор по чекор ги решаваме работите, трпение, се ќе се реши, но битно е дека се решаваат работите, а не како политиките досега да се ставаат под тепих, изјави премиерот Мицкоски.
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен