Нови 50 корпи за отпад низ Карпош, фрлај паметно

Општина Карпош започна со поставување на 50 нови корпи за отпадоци, исклучително наменети за џебен отпад. Станува збор за корпи изработени од тврдопресуван полиестер, кои се поотпорни на временските влијанија, со цел да не се уништува нивното дно.
Корпите, како што информираа од Општина Карпош, биле поставени во неколку населби: во Козле (долж ул. „Јуриј Гагарин“), во Тафталиџе 2 (на ул. „Женевска“ и во близина на зградата на ЗЕЛС), во Карпош 4 (околу „Љубљанска“), како и во дворовите на основните училишта „Братство“ и „Димо Хаџи Димов“.
-Ја користиме оваа пригода уште еднаш да напоменеме дека, овие корпи се наменети исклучително за џебен, поситен отпад. Затоа се со мал отвор, како би се спречило фрлање на домашен отпад, што за жал претставува пракса во одредени населби. За таа намена, домашниот отпад треба да се фрла во големите контејнери за кои се задолжени екипите од ЈП Комунална хигиена – Скопје, се вели во соопштението од Општината.
Оттаму велат дека се свесни оти постои потреба за поставување и обнова на повеќе вакви корпи за отпадоци. Токму затоа, до крајот на годината, најавуваат од Општина Карпош, ќе следи уште една серија поставување на корпи за џебен отпад и специјализирани корпи за отпушоци.
Општина Карпош продолжува со интензивните активности за заштита на животната средина и правилно одлагање на отпадот за кој локалната самоуправа има надлежност.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Ги решивме проблемите што ја кочеа изградбата на булеварот „Борис Трајковски“, наскоро прв слој асфалт
-

Меси ќе паузира од фудбалот
-

Трамп потпиша извршна уредба со која се намалува бројот препорачани вакцини за деца во САД
-

Зеленски: Украина ќе продолжи со напади длабоко на руска територија за да покаже дека е неопходен мир
-

Во пристаниште во Лондон откриени и запленети речиси три тони кокаин сокриен во пратка со банани од Јужна Америка
-

Сончево и многу топло, од четврток наместа нестабилно време и пад на температурата
-

Превозниците од Западен Балкан на средба во Скопје за решавање на проблемот на професионалните возачи во Шенген зоната
-

Дискусија за насилството меѓу младите со обраќања на претседателката Сиљановска-Давкова и министерката Јаневска
