Нови 37 инфицирани со ХИВ годинава, двајца починале
Во Македонија во текот на годинава се регистрирани 37 нови случаи со ХИВ инфекција. Двајца од нив починале.
Ова денеска на прес-конференција го истакна Звонко Миленковиќ, национален координатор за ХИВ/СИДА и директор на Клиниката за инфективни болести, кој рече дека во двата случаи станува збор за лица кои се регистирани во напредната задоцнета форма на болест, но кои кратко време по приемот на Клиниката, поставувањето на основната дијагноза на болеста и по отпочнувањето соодветен третман, завршиле фатално.
Посочи дека од 37 новодијагностицирани случаи, една третина се на возраст под 30 години, една половина се на возраст од 30 до 40 години, а има и на возраст над 40 години (21 процент). Посочи дека од 37 новорегистрирани, 34 се од машки пол, а три од женски пол.
- Денеска во ерата на високо активна антиретровирусна терапија, со откривање нови механизми, таргети за нејзино дејство, се постигнува она што го бележиме на глобално ниво односно намалување на тешките манифестни форми на ХИВ инфекцијата и намалување на смртноста. Секој барем еднаш треба да се тестира, рече Миленковиќ.
Нагласи дека годинава отпочнуваат со најнови генерации лекови вклучително и оние кои влијаат на дел од овој патогенетски циклус на ниво кое моментално претставува пресвртница на глобално ниво во однос на изборот на антиретровирусна терапија и се со најголема можност во остварување на ефектите.
Oдговарајќи на новинарско прашање рече дека се завршени процедурите за набавка на антиретровирусна терапија, деновиве очекуваат нејзино испорачување, а таа ќе биде применувана во текот на следната година.
- Предмет на континуирана контрола и следење на Клиниката се 185 лица. Покриеноста со антиретровирусна терапија е 87 проценти, која е значително повисока од онаа на глобално ниво која изнесува околу 46 проценти. Ја обезбедуваме најефикасната терапија на глобално ниво. Применуваме сериозни стратешки активности за надминување на ситуацијата со ХИВ инфекција, истакна Миленковиќ, одговарајќи на новинарско прашање.
Додаде дека во 2014 година биле регистирани 45 случаи, а во 2015 година - 32 случаи со ХИВ инфекција.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје