Нови 1.024 грипозни за само една седмица во Кавадарци
За една седмица има 1024 заболени од грип во Кавадарци, за разлика од минатата година кога во истиот период биле регистрирани само 58 случаи.
Досега на подрачјето на Кавадарци и Росоман се евидентирани вкупно 1.420 пациенти со сезонски грип. Ова се податоците кои денеска ги соопшти доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во Центарот за јавно здравје од Кавадарци.
Јовановски појасни дека ова се регистрирани граѓани кои на лекување дошле во установи кај матичните лекари, од каде и е можно да се врши евидентирање. Голем дел од пациентите не се јавуваат на лекар и лекувањето го прават дома со сопствена терапија. Тоа значи дека вкупниот број е повисок.
- Ако се направи споредба со минатата година кога сме регистрирале само 58 случаи, сега зголемувањето на болните од грип е речиси 25 пати повеќе, нагласи Јовановски.
Тој апелираше до населението превентивно да се влијае во заштитата од грипот, а даде и препораки како треба да се однесуваат веќе заболените.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден