Skip to main content
  • Facebook
  • Twitter
  • instagram
  • YouTube
  • RSS
  • Вести
  • Видео
  • ТВ Програма
  • Импресум
  • Маркетинг
Насловна
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Ф1
    • Спорт плус
  • Занимливости
    • Живот
    • Џет-Сет
    • Технологија
    • Интернет
    • Здравје
    • Бизарно но вистинито
Свет
4. September 2019 - 18:23

Новата влада на Италија утре ќе положи заклетва

Tweet

Италијанскиот премиер Џузепе Конте формираше нова влада, коалиција меѓу Движењето 5 ѕвезди и Демократската партија од левиот центар, која утре во 10 часот ќе положи заклетва, соопшти денеска Претседателската палата.

Шест дена откако италијанскиот претседател Серџо Матерла му го довери мандатот на Конте да формира нова коалиција, тој денеска го извести шефот на државата дека успеал да го стори тоа.

Конте ги претстави членовите на својот нов кабинет во кој проевропеецот и европратеник на Демократската партија Роберто Гвалтиери ќе ја заземе функцијата министер за економија и финансии. Лидерот на Движењето 5 ѕвезди, Луиџи ди Мајо ќе биде иден шеф на дипломатијата, додека нова министерка за внатрешни работи е Лучана Ламоргесе. Министерството за одбрана му е доверено на уште еден истакнат член на Демократската партија, Лоренцо Герини.

Церемонијата на инаугурација на новата влада ќе се одржи утре во 10 часот во палатата Квиринале, седиште на италијанскиот претседател.

Во новата влада нема претставници од партијата Лига на десничарскиот лидер Матео Салвини, кои беа во претходната коалиција.

Првата 14-месечна влада на Конте се распадна минатиот месец кога Салвини ја повлече својата антиимигранска партија Лига од коалицијата во неуспешниот обид да издејствува предвремени избори за да стане премиер.

 
 

 

Tweet

Свет

  • УХМР: Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

  • Самит за безбедност во Финска: ЕУ бара поголеми инвестиции и зајакната одбрана од руските закани

  • Украинската морнарица тврди дека ја водела првата битка меѓу поморски дронови во историјата

Популарно од Свет

  • Најчитани
  • Најсподелувани
  • Трамп во Даблин: Би сакал да видам обединета Ирска

    12.09.2026
  • ЦИА декласифицираше белешки за Ал Каеда

    12.09.2026
  • Преглед на вестите од светот

    12.09.2026
  • Украинската морнарица тврди дека ја водела првата...

    13.09.2026
TV Sitel / ТВ Сител

Ново на Сител

  • Најнови вести
  • Најнови видеа
  • Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи поради „безобѕирно управување со возило“

  • Мицкоски: Денеска ќе донесеме мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти

  • СУГС „Здравко Цветковски-Гуц“се прости од својот ученик кој загина во сообраќајката кај Илинден

  • Уапсен прилепчанец кај Љубаништа, поседувал марихуана и сина таблета

  • Мицкоски: Дејвид Гета не беше само голем музички настан, туку вечер во чест на Македонија

  • УХМР: Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

  • На ГП од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата

  • Самит за безбедност во Финска: ЕУ бара поголеми инвестиции и зајакната одбрана од руските закани

  • Повеќе вести
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
  • Занимливости
© 2026 Сител Телевизија