Skip to main content
  • Facebook
  • Twitter
  • instagram
  • YouTube
  • RSS
  • Вести
  • Видео
  • ТВ Програма
  • Импресум
  • Маркетинг
Насловна
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Ф1
    • Спорт плус
  • Занимливости
    • Живот
    • Џет-Сет
    • Технологија
    • Интернет
    • Здравје
    • Бизарно но вистинито
Свет
4. September 2019 - 18:23

Новата влада на Италија утре ќе положи заклетва

Tweet

Италијанскиот премиер Џузепе Конте формираше нова влада, коалиција меѓу Движењето 5 ѕвезди и Демократската партија од левиот центар, која утре во 10 часот ќе положи заклетва, соопшти денеска Претседателската палата.

Шест дена откако италијанскиот претседател Серџо Матерла му го довери мандатот на Конте да формира нова коалиција, тој денеска го извести шефот на државата дека успеал да го стори тоа.

Конте ги претстави членовите на својот нов кабинет во кој проевропеецот и европратеник на Демократската партија Роберто Гвалтиери ќе ја заземе функцијата министер за економија и финансии. Лидерот на Движењето 5 ѕвезди, Луиџи ди Мајо ќе биде иден шеф на дипломатијата, додека нова министерка за внатрешни работи е Лучана Ламоргесе. Министерството за одбрана му е доверено на уште еден истакнат член на Демократската партија, Лоренцо Герини.

Церемонијата на инаугурација на новата влада ќе се одржи утре во 10 часот во палатата Квиринале, седиште на италијанскиот претседател.

Во новата влада нема претставници од партијата Лига на десничарскиот лидер Матео Салвини, кои беа во претходната коалиција.

Првата 14-месечна влада на Конте се распадна минатиот месец кога Салвини ја повлече својата антиимигранска партија Лига од коалицијата во неуспешниот обид да издејствува предвремени избори за да стане премиер.

 
 

 

Tweet

Свет

  • Преглед на вестите од светот

  • Трамп: Борејќи се со Иран, ги заштитуваме Израел, Блискиот Исток и западните земји

  • Русија ги затвора канцелариите на германскиот Гете-институт

Популарно од Свет

  • Најчитани
  • Најсподелувани
  • Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот...

    02.09.2026
  • Вооружена пресметка на тајните служби во Киев:...

    02.09.2026
  • Трамп предложи Ормуската Теснина да биде...

    02.09.2026
  • ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по...

    02.09.2026
TV Sitel / ТВ Сител

Ново на Сител

  • Најнови вести
  • Најнови видеа
  • Мицкоски: Од ограбена држава клекната на колена, за три години направивме подобро место за живеење

  • Во заедничка акција згрижен повредениот пеликан во Дојран, си доби мандра за престој и редовен оброк | ФОТО

  • Нов смртен случај од западнонилска треска, вкупно седум

    Македонското оро на светската сцена во Бразил: „Студио Фолклор“ во битка за најдобрите

  • Имаат само 16 и 17 години, а покажаа голема хуманост: Лука и Дони израдуваа првачиња во Бутел

  • Проневерени над 2,2 милиони евра преку регистрација на возила, МВР со детали за акцијата

  • Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско

  • Сообраќајот со градскиот воз се одвива редовно, вчерашниот привремен прекин беше поради невремето

  • Повеќе вести
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
  • Занимливости
© 2026 Сител Телевизија