Loading Video...
Тенис
29. January 2023 - 17:58

Новак Ѓоковиќ е победник на Австралија опен

Ѓоковиќ и во своето десетто финале излезе како победник.

Овојпат Ѓоковиќ во финалето го победи Стефанос Циципас.

Во мечот што траеше речиси три часа, Србинот полесно од очекуваното го доби првиот сет со 6-3, но во следните два се играа максимални 13 гема, односно тај-брејк, во кој Ѓоковиќ излезе како победник, добивајќи ги со 7-4 и 7-5 на поени

Со тоа Ѓоковиќ остана перфектен без загубено финале во Мелбурн, и ја освои 10-тата титула на Австралија опен, а вкупно 22-ра на турнирите од „големата четворка“ односно Гренд-слемите се израмни со Рафаел Надал, на вечната листа, кој лани го искористи отсуство на Србинот на овој турнир и победи во Мелбурн.

Воедно сега Ѓоковиќ е и на една титула помалку од неговиот лут ривал Надал па Шпанецот има вкупно 33 трофеи, а Ѓоковиќ 32, додека зад нив е легендарниот Федерер со 30 пехари.