Нова железничка несреќа во Шпанија: воз се судри со кран, лесно повредени неколку лица

Приградски воз се судри со градежен кран во југоисточна Шпанија, при што не е утврден бројот на повредени лица, соопштија регионалните служби за итни случаи.
„Возот не се преврте ниту излета од шините“, изјави портпаролот на службите за итни случаи во југоисточниот регион Мурсија.
Несреќата се случила во близина на Картагена во Мурсија.
Најмалку 43 лица загинаа во смртоносна несреќа на брз воз во јужниот регион Андалузија во неделата.
Две други несреќи се случија во Каталонија во вторникот. Во една од нив, машиновозачот загина, а 37 лица беа повредени.
Шпанскиот железнички оператор Адиф објави на X дека сообраќајот на таа железничка линија е во прекин поради „ упад на кран што не припаѓа на железничката компанија во колосек на инфраструктурата“, без да даде дополнителни детали з анесреќата.
Шпанскиот синдикат на машиновозачи (SEMAF) вчера се изјасни за генерален штрајк во железничкиот сообраќај во Шпанија.
„Ќе повикаме на генерален штрајк во целиот сектор со цел да се гарантира безбедноста и довербата во железничката мрежа“, објави СЕМАФ без да го прецизира точниот датум на штрајкот
Ново на Сител
-

Измените на Изборниот законик остануваат блокирани во Собранието
-

Ново судење за Пулс - се читаат пораки од телефонот на газдата на дискотеката, Деко
-

Грант од ЕБОР за изградба на автопатот Скопје-Блаце
-

Неопходна е поголема државна поддршка за спас на земјоделството од климатските промени
-

Антибиотиците ја губат силата, антимикробна резистентност
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
