Нова урбана опрема во Македонска Каменица
ЈП „Камена Река“ од Македонска Каменица почна со промена на дотраената урбана опрема низ градот за што се обезбедени средства во износ од 3,5 илјади евра.
Како што истакна Влатко Димитровски, заменик-директор на ЈП „Камена Река“ досега се набавени 30-тина канти за отпадоци и 35 клупи.
- Старите клупи и канти за отпадоци веќе беа дотраени и го нарушуваа изгледот во централното градско подрачје. Набавивме нова урбана опрема со која ќе ја замениме дотарената и ќе ставиме нова, каде има потреба, пред се пред влезовите на колективните станбени објекти, рече Димитровски.
Тој додаде дека урбаниот изглед на рударска Каменица и оваа есен ќе биде аранжиран со есенски цвеќиња низ градот за што се произведени 500 хризантеми и четири илјади едногодишни цветни темјанушки.
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари