Македонија
30. September 2015 - 13:36

Нова улица во населбата „Даме Груев“ во Општина Ѓорче Петров

Во населбата „Даме Груев“ во општина Ѓорче Петров денеска е пуштена во употреба улицата „18“.

За изградбата на улицата се обезбедени милион денари преку проектот „Декада на Ромите“ и 1,5 милион денари од општинскиот буџет.

На пуштањето на улицата присуствуваа министерот без ресор Неждет Мустафа и градоначалникот на Ѓорче Петров Сокол Митровски.