Свет
4. April 2018 - 14:24

Нова трагедија во Русија: Пожар во трговски центар за деца, еден загинат и тројца повредени пожарникари е билансот до сега

Во еден трговски центар на истокот од Москва денеска изби пожар, а едно лице загина, тројца пожарникари се повредени, а околу 600 луѓе се евакуирани, јавија руските медиуми.

Жртвата која е евакуирана од зградата, починала во болница.

Според извештарите на руските медиуми повредени се тројца пожарникари.

Според првичните информации, пожарот избил на четвртиот кат од зградата.

Според извештаите два хеликопетри KA-32 се на самото место, подготвени да го гасат огнот.

Медиумите наведуваат дека повеќе од 300 лица се евакуирани, но се стравува дека во зградата би можело да има повеќе луѓе, наведе Интерфакс повикувајќи се на информирани извори.

 

Петкатниот трговски центар работи од 2009 година и има површина од 6.000 квадратни метри.

Инцидентот се случи токму во моментот кога по трагедијата во трговскиот центар во Кемерово, низ Русија се проверуваат сите трговски центри.

Во пожарот во трговскиот центар во Кемерово на 25 март загинаа 64 лица, од кои 41 дете.