-->
-->
Нова трагедија во Битола: Бебе починало во стомакот на родилка во битолска гинекологија
-->
Бебе починало во стомакот на родилка од Битола откако ѝ била дадена таблета да го испровоцира породувањето, ама родилката била пратена дома од лекарот гинеколог кој бил дента на смена, објави Независен.
Кога родилката се вратила ноќта на болница да раѓа веќе било доцна, дежурните лекари виделе дека бебето страда, по бојата и исцедокот на водењакот, се обиделе да ја породат родилката и да го реанимираат бебето, но му немало спас.
Директорот на битолската клиничка болница д-р Александар Обедниковски, во порака го потврдува случајот, но не дава детали, туку само кажа дека денеска во 14 часот министерот за здравство д-р Фатмир Меџити доаѓа во посета на болницата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани
-
Еколошка акција за чистење на дното на Охридско Езеро
-
Активисти за студентски права од Западен Балкан на форум во Скопје
-
„Кликни безбедно“ прв хакатон за креирање иновативни решенија од средношколци
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за партиски цели злоупотребуа локални институции
-
Преглед на вестите од светот
-
30 дневен притвор за петмина осомничени во убиството во Штип
-
Индија против Пакистан - Каков е односот на силите?