Спорт плус
19. October 2015 - 11:34

Нова светска круна за Дејан Недев

Македонскиот каратист Дејан Недев дојде до еден од неговите најголеми успеси во кариерата, освојувајќи го златниот медал во дисциплината фуку-го на првиот Обединет карате шампионат во традиционално, модерно и контактно карате, што се одржа во Копер, Словенија.

 

Недев во големото финале најпрво бил подобар од претставник на Бразил во кати, а потоа во борби го совладал претставникот на Кипар.

 

Македонската експедиција на овој прв Обединет светски шампионат ја сочинуваа осум члена.

 

На турнирот во Копер учествуваа 68 земји со 1200 каратисти.