Нова рунда преговори за името во Виена - Димитров и Коѕијас на средба со Нимиц
Нова рунда преговори за спорот за името меѓу Македонија и Грција ќе се одржи денеска во Виена каде што шефовите на дипломатиите на двете држави Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе имаат средба со медијаторот Метју Нимиц.
Димитров и Коѕијас, во пресрет на средбата со посредникот на ОН, како и минатиот пат, разговорите ги почнаа со неформална работна вечера. Тие претходно повторија дека сакаат да се најде компромис и конечно да се реши спорот.
Позицијата на Грција е сложено име со географска одредница, за севкупна употреба и промена на македонскиот Устав.
Македонската страна останува на ставот дека слеано име не е најдостоинственото решение, особено не непреведено и секако прашањето да се реши преку меѓународен договор, а не со промена на највисокиот правен акт на државата.
Пред средбата во Виена грчкиот премиер Алексис Ципрас рече дека посакува другата страна да има сила да донесе тешки, но неопходни одлуки.
- Не значи дека влегуваме во преговорите за да постигнеме какво било решение. Преговараме со чувство на одговорност и со цел да постигнеме решение што ќе ги гарантира нашата историја и нашето културно наследство, а во исто време ќе исклучува секаков вид на иредентизам од другата страна, рече вчера грчкиот премиер.
Според ставот на официјална Атина што неодамна го изнесе Коѕијас, името треба да биде сложено со географска одредница, со придавка и да разграничува дека не станува збор за грчката Македонија и да не содржи иредентистички елементи.
- Треба да најдеме сложено име што ќе ја изразува посебноста и географската позиција на оваа држава, а во исто време нема да навредува ниту една од двете страни, изјави Коѕијас.
Како што потенцираше, пак, шефот на македонската дипломатија Димитров, географската одредница е прифатлива, но за дистинкција од територијата во Грција, а не за обезличување на македонскиот јазик, народот и државата. За македонската страна, повтори, неприфатливо е слеано пишување на одредницата со името Македонија, а исто така е неприфатливо и име без превод.
- Македонците мора да бидат Македонци, кои го зборуваат македонскиот јазик, порача Димитров, кој вели дека од Виена нема очекувања, туку надеж.
Тој најави дека по средбата во Виена Владата ќе го свика државниот врв и лидерите на најголемите партии на лидерска средба.
За текот на преговорите за името по средбата во Виена, како што објавија грчките медиуми, следната седмица министерот за надворешни работи на Грција ќе ги извести претседателите на грчките политички партии.
Ново на Сител
-
Шеснаесет минути молк и ѕвездено небо во Скопје во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-
Простување од Иле, возачот на Итна помош
-
„Лекувај ги сите со рацете, но и со душата. Тоа е она што го правеше најдобро“: Кочани тагува по својата Стефи
-
Трамп и Путин се согласија војната во Украина да заврши со „траен мир“
-
Тошковски: Извршени се претреси во Министерство за економија, управителот и одговорното лице на „Пулс“ и Општина Кочани
-
Мајка на едногодишно девојче меѓу жртвите во пожарот во Кочани
-
Се враќал да извлече повеќе млади но се срушил кровот, Георги зад себе остава двомесечно дете
-
Тошковски: Темелна контрола на објекти со лиценца, но и на оние објекти кои се користат како дискотеки и клубови