Македонија
13. March 2017 - 11:02

Нова прогноза наУХМР: Снег во Крушево, Лазарополе и Маврово, студеното време се враќа

Снежна покривка до изутрина (во см.): 11  Крушево, 9 Лазарополе, 6  Маврово, 3 Охрид, 2 Дебар и Претор и 1 во Тополчани.

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м2):  1 Тополчани, 2 Маврово, Прилеп, Берово, Претор, 4 Кр. Паланка, 5 Лазарополе, 6 Крушево, 8 Охрид, Дебар.


Времето денес (13.03 2017 год.): Променливо облачно со кратки сончеви периоди  и со услови  за проврнување на слаб локален дожд, на планините со слаб локален снег. Ќе дува умерен, а во источните делови повремено  засилен северен ветер, наместа ќе достигнува брзина над 60 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степена.

 

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно свежо време.  Ќе има услови за слабо проврнување на локален дожд, а на  планините со  слаб снег. Ќе има и сончеви периоди. Температурата на воздухот ќе биде во благо покачување, а за викендот се очекува затоплување. В черврток и в петок ќе дува умерен повремено силен северен ветер особено повеќе ќе биде изразен долж Повардарието.