Нова продажба на одземен имот на Сашо Мијалков, во државниот буџет ќе се уплатат 2.059.000 евра

Агенцијата за управување со одземен имот објави оглас за продажба на конфискуван имот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.
-Со денешната објава за продажба на недвижен имот од страна на Агенцијата за управување со одземен имот, а со претходно донесена Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, продолжува враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, соопштуваат денеска од Агенцијата.
Станува збор за градежно неизградено земјиште со површина од 3880,15м2 и шума со површина од 634,38м2, кои што се наоѓаат на место викано Големо Курило на КО Центар 2, одземени со правосилна пресуда I KOK-ПП.бр.283/2022 од Основен кривичен суд Скопје.
Од Агенцијата за управување со одземен имот велат дека со продажбата на овие недвижности во буџетот на државата ќе се уплатат средства во висина од 126.638.882,00 денари или 2.059.000 евра.
Агенцијата за управување со одземен имот со ова објава ги повикува и охрабрува сите заинтересирани правни и физички лица без страв и притисок да земат учество на јавната лицитација на веб страницата: http://www.odzemenimot.gov.mk/%d0%begl%d0%b0si.aspx
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Крушево, Претор и Охрид
-

Панел дискусија „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“
-

Без струја неколку улици во Центар, Кисела Вода и Карпош
-

Џјинпинг: Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“
-

Сенатот усвои Резолуција за ограничување на воените овластувања на претседателот на САД
-

Трамп верува дека е можен дипломатски договор меѓу САД и Куба
-

Променливо облачно време со ветер и услови за дожд
-

Белорусија тврди дека нуклеарните вежби со Русија не се насочени против никого
