-->
-->
Нова пресметка ПСЖ – Монако, сега во Купот на Франција
-->

Откао минатата сабота екипите на ПСЖ и Монако играа во финалето на Лига Купот, кој им припадна на парижаните со 4:1, сега овие два тима кои се и во трка за шампионскиот трофеј во Лига 1, закажаа нова пресметка.
Овојпат, ПСЖ и Монако ќе се сретнат во 1/2 финалето на Националниот Куп, во лјубилејното 100-то издание на ова натпреварување.
Ова е исходот по комплетирањето на 1/4-финалните натпревари, откако синоќа во последниот меч од оваа рунда ПСЖ го победи третолигашот Авранш со 4:0. Вчера, Монако со 2:1 беше подобар од Лил. Потсетување, дека ПСЖ го освојуваше трофејот во ова натпревраување во изминатите две години.
Во втората полуфинална пресметка ќе играат Анже и Генгамп.
Полуфиналните натпревари од Купот на Франција се закажани за 25 април.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЦУК: Намалено нивото на реката Вардар, во моментов нема опасност од излевање
-

Одлета конструкција од кров на училиште поради силен ветер во Гевгелија
-

Јордан Митев ги крена Македонците во Торонто на нозе, спектакуларен концерт на нашата музичка ѕвезда | ВИДЕО
-

Џеј Ди Венс: САД имаат многу инструменти за да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје
-

Три тиквешанки мета на измама, полицијата апелира на внимателност
-

На Попова Шапка 97 сантиметри снег
-

Собранието треба да ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и да го избере Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Јавна расправа за работната верзија на Предлог законот за високи раководители во органите на државната управа и фондовите
