Нова поштенска единица во Тетово

Отворена е нова поштенска единица во рамки на „Македонска пошта“ во Тетово. Лоцирана е спроти АМСМ на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ или „Индустриска“ во градот.
На отворањето присуствуваа генералниот директор на АД „Македонска пошта“ Фаадис Реџепи и градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи.
- Ова е 28 поштенска единица што е отворена досега во Центарот за поштенски сообраќај Тетово и е само продолжување на залагањето на менаџментот на АД „Македонска пошта“ постојано да биде покрај своите корисници и да овозможи поштенски услуги. Новата организациска единица ќе работи шалтерски, во една смена, но постојните просторни можности даваат можност доколку има потреба тука да се работи и во две смени, како и да се организира доставата на поштенски пратки за еден дел од Тетово, рече Реџепи.
Тој информира дека освен за поштенските услуги во Тетово, како град со два универзитети, има голем интерес и за услугите од платниот промет и услугите од финансиско - поштенско работење.
Градоначалничката Арифи посочи дека секое отворање нова подружница на „Македонска пошта“ на граѓаните им овозможува побрзо завршување на потребните услуги и работи од оваа област.
Во Центарот за поштенски услуги од Тетово има вкупно 150 вработени, од кои 55 се поштари за доставување пратки.
Ново на Сител
-

Запрена постапката за набавката на мазут
-

Тешка несреќа во „Survivor“ Грција: Натпреварувач остана без нога, шоуто прекинато
-

Лишен од слобода возачот кој со товарно возило вчера удри пешак на патот Прилеп-Градско
-

Спречено мафијашко убиство во Скопје: Уапсен Србин кој подготвувал ликвидација
-

ОН: На светот му се заканува масовен глад доколку веднаш не се отвори Ормуската Теснина
-

Мицкоски на Самитот на Македонија 2025: Поврзување на државата за поголем економски раст
-

Оклахома ги елиминираше Лејкерси и се пласираше во полуфиналето на плејофот
-

Сончево и ветровито време, попладне можен пороен дожд и грмежи
