-->
-->
Нова победа на виолиниската Ева Богоевска на натпревар во Њујорк
-->

Младата виолинистка Ева Богоевска прераснува во врвен инструменталист и вистински амбасадор на нашата земја. Денеска, и официјално, Ева Богоевска е прогласена за победник на светски реномираниот натпревар за класична музика Rondo young artist. Освоеното прво место на нашата млада виолинистка е остварено во силна конкуренција на музичари од САД, Канада и земјите од Европа и Азија.
Освојувајќи ја главната награда, Ева Богоевска се стекна со право на концертен настап во познатата Карнеги Хол во Њујорк, во месец април оваа година.
Учеството на овој престижен натпревар е подржано од страна на министерството за култура на РМ кое стои зад целиот проект, односно ќе го подржи и патувањето на Ева во Карнеги Хол.
Претходно Еве победи и на Сан Ремо –Јуниор Италија 2012, потоа и во Санкт Петербург-Русија беше Лаурет од прв степен 2014 и минатата година освои Гран При на Ерусалим Фестивалот,,Jerusalem of gold“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието дебатира за владината реконструкција
-

Пропадна обидот на Левица за опозициски состанок за Изборниот
-

Ново видео со врсничко насилство
-

Запален автомобилот на обвинетиот судија Ѓоко Ристов
-

Градежно вештачење за „Пулс“, безбедноста целосно игнорирана
-

Драстично поскапува дизелот
-

Граѓаните пријавиле доход од речиси 10 милијарди евра остварен лани
-

Реконструкција на касарната Ќојлија
