Нова победа на македонските ракометари пред заминувањето на ЕП

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва со 31:28 го победи Израел во третиот натпревар на подготовките пред настапот на Европското првенство кое ќе се игра во Унгарија и Словачка.
Лазаров и на овој натпревар настапи во комбиниран состав, одлучи да има повеќе ротации, а притоа тој воопшто не влезе во игра додека Кузмановски и Миркуловски имаа лимитирана минутажа.
Израелците подобро го започнаа натпреварот поведоа со 1:4 и тоа благодарение на грешките на „жрвено-жолтите“ во нападот, но по само девет минути игра и по голот на Костески, резултатот беше израмнет (5:5). Падовите во играта на македонските репрезентативци доведоа до тоа Израел на одмор да замине со предност од 14:15.
Противникот имаше предност и од 18:20, но тогаш следеше серија од 3:0 на Македонија со која го презеде водството. Прв пат избраниците на Лазаров водство до три гола имаа во 49 минута (25:22) и до крајот на натпреварот рутински ја одржуваа предноста.
Дури 13 ракометари постигнаа барем еден гол, а најефикасни беа Ненад Костески со пет гола, Филип Талески и Цветан Кузманоски со по четири. Томовски имаше четири одбрани, додека Никола Митревски имаше осум одбрани.
Последниот контролен натпревар, Македонија ќе го игра утревечер (18 часот) исто така против Израел и повторно ќе биде од затворен карактер.
Ново на Сител
-

Приведени две Бугарки во Скопје, краделе паричници и банкарски картички, успеале да одземат околу 134,000 денари
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, сите правци проодни
-

Мицкоски: Наш приоритет не се изборите, туку реформите и проектите
-

Николоски: На ниво на држава сите патни правци се проодни и никаде нема застој
-

Лидерот на опозицијата во Гренланд повика на директни преговори со САД за статусот, без Данска
-

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари
-

ЦУК: Проблеми со поплави во Охрид, Кичево, Битола, Гостивар и Тетово
-

Во Ресен препорачно да не се пие водата заради нарушен квалитет
