-->
-->
Нова победа на Баерн во Бундес лигата
-->

Актуелниот шампион и лидер на табелата во германската Бундес лига, минхенски Берн забележа нова победа. Попладнево на гостувањето во Штутгарт, а во рамките од 29.коло, фудбалерите на Баерн остварија победа со 3:1.
Гостите од Минхен поведоа во 31-минута благодарение на автоголот на Георг Нејдермаер, а во продолжението Дабид Алаба (52) и Даглас Коста (89) ги постигнаа вториот и третиот гол. Погодокот за Штутгарт го постигна Даниел Дидави во 63-минута.
На останатите натпревари одиграни попладнево постигнати се овие резултати: Ајнтрахт – Хофенхајм 0:2, Хамбургер – Дармштат 1:2, Инголштат - Борусија Менхенгладбах 1:0 и Вердер – Аугсбург 1:2.
Денешната програма ќе ја заокружат Волфсбург – Мајнц со натпреварот кој ќе започне од 18:30 часот.
За утре закажани се последните две средби од ова коло, Шалке - Борусија Дортмунд (од 15:30 часот) и Келн - Баер Леверкузен (17:30 ч.).
Табела: Баерн Минхен 75 бодови, Борусија Дортмунд 67, Херта 49, Борусија Менхенгладбах 45, Баер Леверкузен 45, Мајнц 44, Шалке 44
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
