Нова опрема за просториите на месните заедници во Македонска Каменица

Нова опрема во висина од 1.330.000 денари ќе добијат просториите на месните заедници во сите села во Македонска Каменица.
Градоначалникот Дарко Митевски истакна дека ова се прави со цел жителите од населените рурални места во просториите на месните заедници да имаат идентични услови за работа и престој, како и урбаните заедници.
- Согласно со барањата на МЗ и на жителите, ние како општина спроведовме јавна набавка за 100 маси и 200 клупи кои се распоредени во селските средини, во зградите на МЗ и зградите кои се наоѓаат покрај селските гробишта каде се извршуваат верски обреди. Практично, сите селски згради се ставени во употреба, опремени се со мебел и ставени на располагање на жителите, рече Митевски.
Изминатиов период, Македонска Каменица реновираше и изгради 10 објекти во селските средини за потребите на МЗ. Во населените места во Каменица живеат околу 1.500 жители. Со подобрување на условите за нивни престој во овие простории, Каменица очекува и поактивно учество на жителите во креирањето на локалниот план за равој на руралните средини.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
