-->
-->
Нова опрема од РСБСП за зајакнување на капацитетите на сообраќајната полиција
-->

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) за потребите на Министерството за внатрешни работи набави опрема во вкупна вредност од 3.520.000 денари или околу 57.000 евра, која на МВР ќе му биде предадена на трајно користење.
Набавката содржи генератори за електрична енергија со рефлектори, продолжни кабли, инвертер, мерила за алкохол, фотоапарати со додатна опрема.
РСБСП е должен секоја година 30 проценти од приходот по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата да ги намени за модернизација на уредите и опремата на надлежната организациска единица во Министерството за внатрешни работи, која врши контрола и регулирање на сообраќајот на патиштата.
– Соработката помеѓу РСБСП и МВР е заедничка цел и законска обврска и се реализира на повеќе нивоа и во повеќе области. Зајакнување на капацитетите на сообраќајната полиција е една од стратешките цел на МВР, но и на РСБСП, соопшти Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нацрт – предлог на ЕУ – за Албанија “патокази, за Македонија економски придобивки“
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амабасадор во Софија
-

Мицкоски: Владините мерки за поевтини горива ќе чинат над 100 милиони евра, можен втор ребаланс
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови детали од планот на Фон Дер Лајен
-

Продапна уште еден обид за деблокада на реформите во Изборниот законик
-

Директорот на “Историски музеј” Крушево поднесе оставка по реакциите за спотот во “Македониум”
-

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција во Скопје
