Нова кривична пријава за ректорот на Универзитетот во Белград, нема да има средба со српскиот премиер
Ректорот на белградскиот универзитет Владан Ѓокиќ денеска изјави дека нема да присуствува денеска на нова средба со српскиот премиер бидејќи итно бил повикан во Првото основно јавно обвинителство поради нова кривична пријава поднесена кон него од студент.
Ѓокиќ во писмото до Ѓуро Мацут наведува дека кривичната пријава против него ја поднеле студентот Милош Павловиќ и други, за кривично дело повреда на рамноправноста, додавајќи дека во барањето на обвинителството стои дека од него се очекува итно ангажирање.
„Имајќи го предвид тоа, со жалење ве информирам дека нема да можам да присуствувам на денешниот состанок во зградата на Владата“, рече Ѓокиќ.
Тоа е втора кривична пријава поднесена против него за краток временски период, по истиот повод и од исти подносители, но со различна правна квалификација, по која овојпат постапува друго јавно обвинителство.
„Академската заедница со право ја препознава оваа акција како системски притисок, со цел да се дестабилизира Универзитетот и да се спречи сериозен, еднаков и продуктивен дијалог за излез од длабоката институционална криза“, додава Ѓокиќ во писмото до премиерот.
Тој нагласува дека Универзитетот добронамерно одговорил на поканата на премиерот за разговор, со уверување дека постои реална подготвеност да се започне процесот на нормализирање на состојбите во високото образование и да се обезбедат услови за завршување на учебната година.
„Но, веќе на првата средба беше јасно дека нема политичка волја да се преземат неопходните чекори: исполнување на легитимните студентски барања, итно повлекување на противуставната уредба за нормите и стандардите за условите за работа на универзитетите и факултетите, како и прекин на медиумските, инспекциските, финансиските и други притисоци врз академската заедница“.
Ѓокиќ повикува на продолжување на разговорите со Мацут во следната недела „во просториите на еден факултет од УБ, во поширок состав во кој, покрај ректорот, би биле и декани, како и други релевантни претставници на академската заедница“.
Ново на Сител
-
Заврши истрагата за 46 осомничени за пожарот во “Пулс”
-
Евалуацијата на повредените во “Пулс” ќе заврши до крајот неделата – досега прегледани 140 пациенти
-
Бугарија со нова резолуција за Македонија- македонците партии лобираат кај сестринските партии
-
Дали Македонија ќе стане една изборна единица? Независните бараат кандидатура со 50 потписи
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе се знаат сите кандидати за градоначалници
-
СДСМ: Скандалозна одлуказа отфрлање на кривичната за Христовски – ОЈО е партиски инструмент на ВМРО-ДПМНЕ
-
ОЈО ги истражува наводите за дивоградби во Чаир
-
Преглед на вестите од светот