Нова книга на Ристо Лазаров „Чешките вечни пламени - Јан Хус, Јан Палах и Јан Зајиц“
Имењаците Јан Хус, Јан Палах и Јан Зајиц се знаменити личности во историјата на Чешка: првиот од нив, знаменит реформатор од Средниот век, е спален на клада во 1415 година во Констанца, а останатите двајца се младичи кои се самозапалија зимата 1969-та, неколку месеци по инвазијата на советските тенкови на Чешка. Тројцата се своевидни вечни пламени на Чешка, живеат и ќе живеат со векови - незгасливи пламени. Ним им е посветена втората книга од циклусот "Прашки ракописи" на македонскиот писател Ристо Лазаров, која деновиве ја објави "Везилка2011".
Книгата е поеделена во пет глави. Првата глава му е посветена на Јан Хус и на прашањето колкава тортура може да издржи еден свет човек. Централно место зазема повикот на Хус: "барајте ја вистината, скушајте ја вистината, кажувајте ја вистината, научете ја вистината, бранете ја вистината до смрт". Овој повик завршува со Хусовото познато уверување дека ќе победи вистинската вистина.
Натаму следува главата за Јан Палах чијшто јазик и гест авторот го именува како јазик на светлината, па за Јан Зајиц за кој најмалку се знае, а кој се самозапалил само еден месец по Јан Палах и неговото проштално писмо до родителите:"... поздравете ги дечките, реката и шумата".
Оваа книга ја третира и познатата Прашка пролет задржувајќи се најмногу на полемиката на двајцата чешки великани Вацлав Хавел и Милан Кундера, а завршува со кус преглед на самозапалувањата како чин на протест во Источна Европа, но и во другите делови на светот.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице