Нова истрага на СЈО за превозот на ученици во Битола

Специјалното јавно обвинителство денеска на прес-конференција најави нова истрага која се однесува на превозот на ученици во Општина Битола.
Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи рече дека предметот е преземен од Основното јавно обвинителство - Битола и дека од прибраниот доказен материјал СЈО има сериозни уверувања дека Општина Битола преку нејзиниот градоначалник веројатно плаќал поскап превоз од оној од Токио.
- Градоначалникот на Битола и претседателот на Комисијата во договор со директорите на основни и средни училишта и со превозниците и нанеле вкупна штета од 22.024.891 денар или околу 360 илјади евра за само две учебни години, рече Фетаи.
На прес-конференцијата, Катица Јанева истакна дека СЈО досега има покренато пет истраги и оти ќе продолжи да работи согласно законот.
- Работиме совесно и убедена сум дека правдата ќе победи, истакна Јанева.
На прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство присуствуваат повеќе странски дипломатски претставници во земјава, меѓу кои и амбасадорите на Германија, Велика Британија и на Италија, Кристине Алтхаузер, Чарлс Гарет и Ернесто Белели.
Ново на Сител
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
-

Предизвикувачка година за прилепското стопанство
