Нова група на aмерикански волонтери пристигнува во Северна Македонија
Нова група од 57 американци ќе пристигнат денеска во Северна Македонија за да служат како волонтери во Мировен корпус. Тие ќе го споделат своето знаење и искуство волонтирајќи во училишта и организации низ државата.
Волонтерите ќе бидат пречекани на скопскиот аеродром од директорот на Мировен корпус во Северна Македонија, Марк Ханафин, како и дел од вработените.
За време на нивниот двогодишен престој во Северна Македонија, волонтерите ќе работат како наставници по англиски јазик во училиштата, дефектолози во дневните центри за лица со посебни потреби, како и во областа на развојот на заедниците во невладини организации и општини.
Мировниот корпус е американска владина организација и ги реализира своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа и со Министерството за труд и социјална политика.
Ова е 24-та група на волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села низ државата. Во текот на првите три месеци, волонтерите ќе ги изучуваат локалните јазици и ќе се запознаат со македонската култура. Својата служба во Северна Македонија ќе ја почнат во декември. Повеќе од 800 американски државјани служеле во државава од 1996 година.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице