Бизнис
13. December 2019 - 8:18

Нова фабрика Подгорка во Струга, изградена со средства од ИПАРД 2

Во Струга денеска ќе биде отворена фабриката Подгорка изградена со помош на европски финансиски средства.

Почетокот на работата на фабриката ќе го означат премиерот Зоран Заев, министерот за замејоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, директорот на платежната агенција Николче Бабовски и претставници од ЕУ.

Фабриката Подгорка е изградена со финансиска поддршка од 2,2 милиони евра од Мерката 3 – Инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделските производи од ИПАРД 2 програмата.