Балкан
26. August 2015 - 8:44

Нова демократија: Ципрас се крие

Главната опозициска партија Нова демократија го обвини грчкиот премиер Алексис Ципрас дека се крие, додавајќи дека тој треба да се појави за време на процесот на прелиминарни мандати.

„Го повикуваме господинот Ципрас да се појави во рамките на прелиминарните мандати, како што побара од него претседателот на Нова демократија, Вангелис Меимаракис“, се вели во соопштение на опозициската партија.

Коментирајќи ги информациите од некои владини претставници дека „премиерот покажува социјална чувствителност“, Нова деморкатија подвлече дека „одговорот на ова е обезбеден од страна на болните мерки воведени со монструозниот меморандум на Ципрас и Панос Каменос“.