Македонија
3. April 2017 - 11:51

Нова авионска линија од Будимпешта до Скопје

На скопскиот аеродром „Александар Велики“ ќе се воведе нова авионска линија од Будимпешта до Скопје. 

На оваа релација ќе може да се патува со авионската компанија „Виз ер“. 

Новата авионска линија ќе биде промовирана во среда, а на настанот најавено е присуство на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, генералниот директот на ТАВ Македонија, Алп Ер Тунга Ерсој и унгарскиот амбасадор Дукс Ласло Иштван.