Македонија
4. December 2022 - 16:36

Нов жолт картон за Охрид поради неспроведување на препораките за Унеско

Жолт картон од Постојаниот Комитет на Бернската Конвенција при Советот на Европа за заштитата на Охридскиот регион. Согласно одлуката во однос на заканите на Охридското езеро и Галичица како што посочуваат невладините

Комитетот ја повика државата да ги стопира сите тековни проекти односно понатамошната урбанизација и другите градежни активности како и сите постапки за легализација на дивоградбите на овие територии во спротивно охридскиот регион може да се  најде на листата загрозени подрачја.

Според граѓанските активисти, најголемиот проблем е претераната урбанизација, најчесто заради лични и биснис интереси, што со години го деградира градот.

Експертите бараат поголема грижа и за културната наследство.

Граоначалникот Пецаков пак најави дека има напредок во спорведувањето на препораките но голем дел од нив зависат од динамиката на спроведувањето од централната власт.

Невладините постојано алармираа дека наместо да се  стопира нелегалната градба има нови урбанизации и сметаат дека потребно е координирано да се делува од страна на сите надлежни институции за охридскиот регион да не се најде на листата загрозени подрачја .